Кикс на Јунајтед, но кикс и на Вест Хем во трката за Лига Европа, Лидс опстана во Премиерлигата

Последното коло од Премиерлигата ни го донесе и конечниот изглед на табелата и тимовите кои ќе патуваат во европските натпреварувања следната сезона, но оние тимови кои повторно ќе се натпреваруваат во најсилната англиска лига.

Место во лигата на шампионите изборија: Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Тотенхем, во Лига Европа ќе играат Арсенал и Манчестер Јунајтед, додека во Конференциската лига ќе се натпреварува Вест Хем.

Во Чемпионшипот ќе се преселат Норвич, Вотфорд и Барнли кој имаше шанси на последниот ден да го задржи своето место во Премиерлигата, но не успеа во намерите.


Тотенхем го потврди пласманот во Лигата на Шампионите следната сезона со убедлива победа од 0-5 против Норвич. Голедата ја започна Кулушевски, а Швеѓанецот со македонско потекло стрелаше и во второ полувреме Истата ја дополнија Кејн и Сон кој стрелаше два пати.

До убедлива победа стигна и Арсенал кој го доби Евертон со 5-1. Мартинели и Нкетија први ја затресоа мрежата, а откако Ван де Бек ја преполови негативата Седрик, Габриел и Одегард ги доведоа „топџиите“ во ново високо водство.

Челси славеше со 2-1 на домашен терен против Вотфорд во натпревар без резултатско значење. Хавертз ги доведе „сините“ во водство, а откако Гослинг изедначи на 1-1, Баркли со гол во судиското продолжение донесе три бода за тимот од Лондон.

Манчестер Јунајтед и покај поразот од 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас ја задржа позицијата која води во Лига Европа со оглед на тоа што гостински пораз забележа и Вест Хем кој со 3-1 загуби од Брајтон.

До победа од 4-1 стигна и Лестер кој на домашен терен беше сигурен против Саутемптон. За „лисиците“ стрелаа Мадисон, Варди и два пати Перез, додека Ворд-Праус ја одбрани честа на гостите.

Њукасл стави крај на премиерлигашката епоха на Барнли откако славеше со 1-2 на гостински терен, додека со победата од 1-2 на гостувањето кај Брентфорд, Лидс го задржа премиерлигашкиот статус.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...