„Кикс“ на Милан во битката за титулата – само бод кај „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Милан одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај последнопласираната Салернитана, и направи огромен „кикс“ во битката за титулата во Серија „А“. Милан иако водеше, потоа имаше и негатива, за на крај да дојде само до бод, резултат кој може да го искориси Интер и да се врати на чело на табелата.

Месиас во 5. минута донесе водство за Милан, а израмни Бонацоли по грешката на Мањон во 29. минута.

Нов шок за „росонерите“ во 72. минута кога Ѓуриќ донесе 2-1, водство за домашните од Салерно, а Ребиќ во 77. минута израмни на 2-2.

Се вчитува...