Кил во „убиствен“ ритам – Кој ќе му даде гол на Ландин?

Ракометарите на Кил демонстрираат „убиствен“ ритам  пред дуелот со Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во бундеслигашкото дерби од 29.коло, Кил на домашен терен го декласира Фуксе Берлин со 25-18.

Само во првите десетина минути гостите беа во предност најмногу со три гола (2-5), а потоа следуваше офанзива на Кил, пет гола во серија и комплетна доминација на „зебрите“ до крајот на натпреварот. На полувремето домаќините имаа предност од 15-8, а на средината од вториот дел стигнаа и до двоцифрена предност поведувајќи со 20-10. Во финишот малку попушти темпото на Кил што им овозможи на ракометарите на Фуксе Берлин да го ублажат поразот на конечните 25-20.

Несовладлив на голот на Кил во поголемиот дел од натпреварот беше Никлас Ландин кој запиша 11 одбрани со 47 процент на успешност, а Андреа Волф додаде уште шест во вториот дел. Нападот го предводеше Марко Вујин со шест погодоци.

Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше гостинска победа против Хановер со 23-26. Македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелците, а најефикасни кај Рајн Некар Левен беа Енди Шмит со осум и Мадс Менсах Ларсен со седум гола.

Кил е моментно на шестата позиција на табелата со 39 бода, Фуксе Берлин е трет со 43, три помалку Фленсбург кој е втор со натпревар повече. Рајн Некар Левен е на водечката позиција на табелата со 48 бода.

Се вчитува...