Германските фудбалери беа во шок откако не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога против Парагвај и по пенал-рулет беа елиминирани уште во 1/16 финалето од овој светски шампионат. Капитенот Јосуа Кимих беше брутално искрен во својата изјава по натпреварот.
„Чувството е ужасно, апсолутно ужасно… Сепак, заслуживме да ни се случи вакво нешто, да бидеме елиминирани. На последните три натпревари игравме со селекции што не се највисока класа, и на трите натпревари имавме огромни проблеми. Јасно е дека не одигравме ниту еден меч онака како што знаеме и плативме поради тоа“, изјави Кимих.
Тој јасно стави до знаење дека вината не треба да се бара кај селекторот Нагелсман, туку кај самите фудбалери.
„Играме за да ја направија Германија горда. Како дете гледав како оваа репрезентација стигнува до полуфиналиња, игра големи финалиња… Ние не можеме да им дадеме таква радост на нашите луѓе кои гледаат дома. Германија заслужува да има причина за радост во моментов, но фудбалската репрезентација не може да и го овозможи тоа. Ние, фудбалерите на теренот, ние сме тие што треба да ја преземат одговорноста за овој неупех. Не беше ниту селекторот, ниту судијата, ниту новинарите. Не беше ниту противникот, ние играчите самите сме си виновни за ова што ни се случи“, порача капитенот на германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
