Кимих му врати на Левандовски: Без нас не би давал толку голови…

Роберт Левандовски донесе бурно лето во Баерн Минхен со барањата за трансфер, ситуацијата само што се смири и тој реши да остане – Полјакот повторно предизвика бура на неколку дена пред стартот на новата бундеслигашка сезона. Овојпат причина е интервјуто во кое Левандовски се пожали дека не бил доволно ценет во Баерн, што било главна причина за неговата желба за заминување. Од неговите зборови се налутија соиграчите, а прв своето незадоволство од односот на најдобриот стрелец го искажа германскиот репрезентативец Џошуа Кимих.

„Не знам што Роберт навистина кажувал јасно и децидно, а што е кажано меѓу редови, па новинарот извлекувал заклучоци. Ако навистина рекол дека му недостигала поддршка од клубот, не сум сигурен дека е во право. Би се обидел да му поверувам, но … Леви мора да разбере дека и тој нема да биде толку успешен да не сме ние, сигурно не би давал толку голови. Мора да постои благодарност до соиграчите и од негова страна, а не само ние да сме му благодарни на него“ – истакна Кимих.

Се вчитува...