Манчестерското дерби во Премиерлигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заврши со убедлива победа на „граѓаните“ кои на крилја на Ерлинг Ханалд и неговите два гола, како и асистенцијата до Фил Фоден славеа со 3-0.
По крајот на средбата поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин кој денеска работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“ упати остри критки кон сегашниот капитен Бруно Фернандеш.
„Сега откако повторно го гледав што прави, сто отсто би му ја земал капитенската лента. Свесен сум дека тоа е голема одлука, но Фернандеш не може да биде капитен. Тој е талентиран, тоа е несомнено, но кога повторно го видов како плаче, се жали на одлуки и постојано мафта со рацете… тоа е неприфатливо.
Дебатиравме дали проблемите треба да ги реши тренерот или раководството на клубот. Јас би почнал со менување на капитенот бидејќи тренерот може да направи се друго. Фернанеш е одличен играч, но е спротивност од тоа како треба да изгледа еден капитен“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА