Кин „полуде“ поради славјето на Мегваер: „Срам да му е!“, но Мегваер веднаш му одговори…

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер го постигна вчера водечкиот гол за Англија во убедливата победа над Албанија од 5-0.

Погодокот го прослави затворајќи ги ушите со порака до сите оние кои го критикуваат за неговите очајни игри изминатиов период. Токму таа прослава на голот го налути легендарниот Рој Кин кој не може да верува дека со месеци очајниот Мегваер сега се однесува на тој начин.

„Сака така да ги замолкне критичарите. Срам да му е. Човекот игра очајно со месеци во дресот на Манчестер јунајтед и мисли дека со овој гол ќе ги замолкне критичарите? Срамота“ – порача Кин.

Легендата на Арсенал, Јан Врајт исто така смета дека таква прослава е непотребна.

„Тоа не му требаше. Можеби и јас би направил такво нешто, но му е непотребно затоа што пред себе има уште многу години професионален фудбал“ – порача Врајт.

Многумина изминатиов период потенцираа дека Мегваер е преценет, и дека со сигурност не вреди 90 милиони евра колку што од Манчестер јунајтед беше платен на Лестер.

Но, Мегваер уште синоќа даде објаснување за прославата која предизвика навистина многу реакции.

„Мојата реакција не е директна порака за никого. Тоа беше едноставно лизгање на колено и очигледно ги ставив рацете зад ушите. Јас сум капитен на Манчестер Јунајтед и секако дека ќе добивам критики кога не тимот нема да му оди добро. Го очекувам тоа и немам ништо против. Мојата гестикулација не беше наменета за никого“ – рече Мегваер.

Се вчитува...