Кина на колена: Кошаркарките на САД по четврти пат станаа светски шампионки!

Женската кошаркарска репрезентација на САД запиша победа над Кина од убедливи 83-61 во финалето на Светското првенство (СП) за жени, па на овој начин се закитија со 11. титула во историјата, односно четврта круна по ред.

Кина добро се држеше во првите 10 минути и без својата најдобра кошаркарка Ли Менг, која не можеше да настапи во финалето поради висока температура.

Американките не можеа да го скршат отпорот на Кина ниту во втората четвртина, но затоа нивната доминација почна во второто полувреме, кога набрзо стигнаа до +21.

 

Се вчитува...