Кина стана трансфер пазар и за судиите

Поранешниот премиерлигашки судија, Марк Клатенбург од Саудиска Арабија се сели во Кина. Тој го комплетираше двегодишниот мандат како директор на судиската организација кај Саудијците и сега ја прифатил понудата од Кина каде што ќе биде еден од петте професионални судии во најсилната лига во земјата заедно со Србинот Милорад Мажиќ.

Клатенбург судеше во Премиер-лигата 13 години, ФИФА судија стана на само 30 години, а пикот на кариерата го имаше во 2016 кога во само три месеци ја делеше правдата на финалињата на ФА купот, Лигата на шампионите и на финалето од Европското првенство.

Мажиќ и Клатенбург добиле исклучително примамливи понуди кои според дел од медиумите не би ги одбиле ниту фудбалерите. Сезоната во Кина почнува на 1.март.

Се вчитува...