Кинеската Централна телевизија (CCTV) одлучи да не го пренесува натпреварот од Премиер – лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити поради изјавата на Месут Озил, германскиот интернационалец со турско потекло, кој истакна дека во регионот Жинџианг во Кина се нарушени основните човекови права на луѓето од муслиманската вероисповест.
„Тие им ги палат светите книги, Куранот. Ги затораат нивните џамии, тие ги затвораат нивните училишта, тие ги убиваат нивните свети луѓе. Мажите се принудени да одат во кампови, жените се принудени да живеат со мажи Кинези, а муслиманскиот свет молчи“, истакна Месут Озил во контроверзната изјава која крена голема прашина во светот.
Арсенал експресно објави соопштение во кое се оградува од изјавата на Озил велејќи дека тоа е исклучиво негов став. Арсенал има огромен маркетиншки пазар во Кина. Озил е познат по политичките изјави, тој е близок со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган кој му беше кум на свадбaта. Германецот е изложен на огромен притисок, а одигра лош меч против „граѓаните“ и беше повлечен од игра по само еден час, при што имаше непристојна реакција и кон привремениот менаџер на Арсенал, Фреди Љунгберг.
Во меѓувреме се огласи и министерството за надоврешни работи на Кини кое на прес конференција тврди дека Месу Озил бил „прелажан од лазни вести“. Играчот на арсенал доби покана лично да оди и да се уври дека ваквите тврдења се невистинити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА