Кинеската Јанг постави нов светски рекорд во 20 километри брзо одење

Кинеската атлетичарка Јиају Јанг постави нов светски рекорд во 20 километри брзо одење, откако денеска во Хуангшан успеа оваа делница да ја мине со време од 1:23:49 часа.

Со ова остварување Јанг го надмина досегашниот светски рекорд на нејзината сонародничка Хонг Лиу која во 2015 постави време од 1:24:38 часа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Athletics (@worldathletics)

Се вчитува...