Кинеската пливачка Ју Зиди која има само 13 години, го освои вториот златен медал на Азиските игри кои се одржуваат во Јапонија, откако триумфираше на трката 200 метри мешано.
Зиди до златото дојде откако во финалето исплива за 2:06.10 минути, што е само 40 стотинки побавно од актуелниот светски рекорд на Канаѓанката, Самер Мекинтош (2:05.70 минути).
„Не сакам да стана премногу самоуверена. Само ќе продолжам напорно да тренирам“, изјави Ју Зиди по триумфот.
Младата кинеска пливачка претходно го освои златниот медал и во дисциплината 200 метри пеперутка, а во текот на неделава ќе се натпреварува и на 400 метри мешано.
Минатата година, Ју Зиди, со само 12 години настапи на Светското првенство кое се одржа во Сингапур и во трите дисциплини во поединечна конкуренција во кои настапи го освои четвртото место, додека со кинеската штафета дојде до бронза.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
