Кире Лазаров дојде во Скопје во дресот на Нант, да го предизвика Вардар (ФОТО)

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров со својот нов тим, францускиот Нант, пристигна во Скопје и утре ќе го предизвика европскиот првак Вардар во СЦ „Јане Сандански“. По настапите со Барселона, утре Лазаров за првпат ќе го носи и дресот на Нант против „вардарци“.

nant trening lazarov

Ракометарите на Нант вечерва го одработија официјалниот тренинг во СЦ „Јане Сандански“, каде утре сигурно ќе ги очекува пеколна атмосфера. Го знае тоа и Лазаров, но и неговиот соиграч Давид Балагуер.

„Многу е тешко да се освојат бодови во оваа сала, но ќе се обидеме да го сториме тоа. Дојдовме да одиграме најдобро што знаеме против актуелниот европски првак, тоа е голем предизвик за нас. Знаеме дека Вардар има одлични навивачи кои им даваат крилја на ракометарите“, изјави Балагуер.

Се вчитува...