Кире Лазаров фантастичен во новата победа на Нант

Кире Лазаров беше во главна улога на вечерашниот натпревар меѓу Нант и Трембле што домашната екипа без многу проблеми го доби со 36-31.

Мечот на домашните ракометари им послужи како загревање за четвртфиналето од ЛШ против Скјерн, но Лазаров и соиграчите ниту за момент не го загубија фокусот, доминираа цел натпревар и заслужено стигнаа до бодовите.

Клучен играч беше токму македонскиот капитен, кој го заврши натпреварот со осум гола од десет обиди, потврдувајќи дека се наоѓа во топ-форма во клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...