Кире Лазаров и Нант тргнаа со лесна победа во Франција

Кире Лазаров и Нант имаа успешен старт на новата сезона во француското првенство, откако во првото коло рутински славеа на домашен терен против Данкерк со резултат 29-24.

Тимот на македонскиот капитен уште во првото полувреме го контролираше резултатот, на одмор замина со предност од 14-11, по што Нант рутински ги одигра преостанатите 30 минути за очекувана победа и први бодови на прволигашката табела.

Лазаров немаше свој ден кога станува збор за ефикасноста, Македонецот постигна скромни два гола од вкупно шест обиди (2/3 во првото, 0/3 во второто полувреме). Најдобри поединци во таборот на Нант беа Ривера со девет и Турнат со пет погодоци.

Се вчитува...