Кире Лазаров: Не треба да мудруваме, туку да победуваме

ЕКИПА на ЕП во Хрватска, 

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски 

Македонскиот национален тим е веќе фокусиран на следниот предизвик, дуелите од втората фаза на Европското првенство во Хрватска. Денешниот тренинг ракометарите го одржаа во училишна сала во Мурско Средишче, а веќе од утре ќе се преселат и во салата во Вараждин, каде в недела (20.30 часот) ги очекува натпреварот против Шпанија.

Капитенот Кире Лазаров долго играше во шпанското првенство, ги познава најголем дел од шпанските репрезентативци, а секако и селекторот Раул Гонзалес и неговиот асистент Парондо.

„Полека се регенерираме по напорните три натпревари и имаме доволно време за да се одмориме и да подготвиме соодветна тактика за мечот против Шпанија. Селекторот Раул Гонзалес секако добро ги познава, исто така и Парондо, а и јас можам да им дадам драгоцени совети на соиграчите со оглед дека играв со голем дел од шпанските ракометари. Но, не треба да мудруваме, туку да излеземе на теренот и да победуваме. Иако е тоа лесно да се каже, а секако ќе биде многу потешко да се направи на теренот. Но, ние сме подготвени, максимално мотивирани и ќе се подготвиме максимално за наредниот предизвик“, изјави капитенот Кире Лазаров.

Се вчитува...