Кире Лазаров пропушти уште еден меч на Нант, неизвесен и за репрезентација

Трет натпревар по ред, Кире Лазаров не е во составот на Нант. Македонскиот капитен го пропушти и вечерашнот дуел во кој Нант славеше против Екс (29-24), во натпреварот од 6.коло во Франција. Лазаров има проблем со повреда на стомачните мускули поради која ги пропушти натпреварите против Данкерк и Екс во француското првенство, но и дуелот против Кристијанштад во Лигата на шампионите.

Повредата на Лазаров може да му донесе дополнителни проблеми и на селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, бидејќи e неизвесно дали капитенот ќе може да присуствува на претстојниот собир на репрезентацијата закажан во неделата на ЕХФ со кој стартуваат подготовките за ЕП 2018 во Хрватска.

Се вчитува...