Кире Лазаров во тимот на колото во Франција

Капитенот на македонскиот ракометен тим, Кире Лазаров, се наоѓа во одлична форма во пресрет на подготовките за ЕВРО 2020. Доказ за тоа е и изборот на нашиот најдобар ракометар во тимот на колото во францускиот шампионат.

Кире Лазаров имаше одлично издание за Нант во триумфот на гости против Монпелје и го заслужи местото во најдобрите за 13. рунда во француското ракометно првенство. Има уште двајца негови соиграчи од Нант, голманот Емил Нилсен и дефанзивецот Драган Печмалбек.

Се вчитува...