Кире Маркоски стрелец за АЕЛ за триумф во Купот на Кипар

Македонскиот напаѓач Кире Маркоски запиша погодок во дресот на АЕЛ во триумфот на неговиот тим во Купот на Кипар.

АЕЛ славеше на гостувањето против Омонија Арадипоу со 0-3, а Маркоски уште во 3. минута беше стрелец на првиот погодок за гостите.

Со овој триумф АЕЛ обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Кипар.

Се вчитува...