Кире Ристевски потпишува за Ујпешт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски конечно ќе ја разреши својата ситуација во Унгарија и до крајот на летниот преоден рок ќе потпише договор со Ујпешт. Тој се уште е член на Вашаш, кој испадна во второлигашка конкуренција, а во тоа натпреварување странци немаат право на настап, но Ристевски има уште шест месеци од договорот со клубот.

Ова конеќно ќе биде разрешено со раскин на договорот, по што дефанзивецот треба да му се приклучи на Ујпешт, кој подолг период покажува интерес за неговите услуги. Кире Ристевски се најде на списокот на националниот тим за претстојните мечеви од Лигата на Нации против Гибралтар (6.септември) и против Ерменија (9.септември).

Се вчитува...