Кире Ристевски: Против Лихтенштајн се зависи само од нас!

Дефанзивецот Кире Ристевски е оптимистички расположен во очекување на пресметката против Лихтенштајн в сабота од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Лигата на нациите.

Репрезентативците активно ги продолжуваат подготовките верувајќи дека може да дојдат до планираните три бода…

„Навистина е одлична атмосферата во екипата, сето тоа и поради фактот дека нема никакви проблеми со повреди. Се подготвуваме максимално со полна пареа, па верувам дека сме подготвени за дуелот најпрво со Лихтенштајн“ – вели Ристевски, притоа дополнувајќи:

„Околу конечниот исход со Лихтенштајн се зависи само од нас. Мора да ја оправдаме фаворитската улога и да дојдеме до посакуваните три бода, па потоа да мислиме на дуелот со Ерменија каде може и да се реши победникот во групата“.

Се вчитува...