Австралискиот тенисер, Бернард Томик му понуди на својот поранешен пријател и сонародник Ник Кирјос шанса да во меѓусебен дуел да одлучат во меч за два милиони долари, кој е подобар тенисер.
Сепак, оваа понуда ја одби Кирјос. Двајцата тенисери беа големи пријатели, но во последно време се препукуваат преку медиумите. Нивниот однос дополнително се влоши по вербалните напади кои ги имаа на социјалните мрежи.
Неодамна Томик изјави дека Кирјос цел живот, живее во негова сенка, а брзо стигна одговор од Кирјос кој го нарече својот сонародник „најомразениот австралиски спортист“. Нивниот дуел би бил вистински спектакл, но во моментов 76. тенисер во светот се одлучи да не ја прифати „фрлената ракавица“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА