Кирјос се исмејуваше со Ѓоковиќ, Иванишевиќ веднаш во одбрана

Легендарниот Горан Иванишевиќ веќе неколку месеци е дел од тренерски тим на првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Па, Иванишевиќ не често се впушта во одбрана на својот пулен кој во медиумите често е цел на вербални напади од ексцентричниот Грк со австралиски пасош, Ник Кирјос. Лошото момче од светот на тенисот сега се подбиваше со Ѓоковиќ тврдејќи дека има бизарна потреба да биде омилен и сите да го сакаат. Па, Иванишевиќ веднаш застана во одбрана на Новак…

„Ник премногу зборува за Новак, а зошто тоа го прави само тој си знае. Но, би го посоветувал повеќе да води сметка за себе затоа што досега можеше да биде во Топ 5 тенисери во светот. Можеше, според потенцијалот кој го има, да освојува и гранслем турнири. Но, со ова негово однесување и став никогаш тоа нема да го постигне. Заради него самиот е потребно да се промени. Тој не почитува ниту еден противник. Всушност ако го погледнете кај него може да видите бизарна потреба постојано да биде во кавга со некого“ – вели Иванишевиќ за британски „Телеграф“.

 

Се вчитува...