Кисум пристигна во Битола: Слушнав многу за публиката, едвај чекам да заиграм за Еурофарм Пелистер

Најновиот ракометар на Еурофарм Пелистер, Каспер Кисум, пристигна во Битола и беше претставен пред домашната спортска јавност. танува збор за 30-годишен ракометар кој настапува на бековската позиција, а во таборот на битолчани пристигна од редовите на данскиот прволигаш Сондерјиске.

Данскиот интернационалец денеска го има својот прв тренинг со новите соиграчи, а дебито на Кисум во дресот на „пелистерци“ се очекува на саботниот меч со Бутел, во рамките од првото коло од плејофот во домашниот шампионат.

„Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето тука. Подобро е отколку во Данска. Едвај чекам да започнам да играм. Не сум играл со македонски играчи, главно не ги познавам моите нови соиграчи. Секако дека го знам Себастијан Хенеберг, игравме еден против друг во Данска. Но, разговарав со мои колеги, кои играле со некои ракометари на Еурофарм Пелистер во други клубови, а и гледав три натпревари на мојата нова екипа. Ми изгледа како добра екипа и едвај чекам да започнам да работам.  Со нетрпение чекам да заиграм во нашиот дом во Битола. Слушав многу за публиката тука, за атмосферата која ја прават домашните навивачи и позитивната атмосфера. Верувам дека ќе започнам со победа во Суперлигата и Европската лига“, изјави Кисум.

Се вчитува...