Кит Го го победи Тетекс на „генералката“ пред вториот дел од сезоната

Фудбалерите на Кит Го триумфираа со 4-2 (2-1) против Тетекс на генералката пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

На натпреварот кој се играше на игралиштетот на Бело Брдо во Штип, први до предност дојдоа гостите од Тетово со голот на Хусеин Демири. Но, најдобриот стрелец на Кит Го, Бошко Ступиќ во 40. минута постигна погодок за израмнување, а пред полувремето на 2-1 за пехчевци зголеми и Зоран Андонов.

Во второто полувреме, во 75. минута следеше и погодокот на Мартин Димовски за 3-1, за да во 82. минута во листата на стрелците кај Кит Го се запише и Трпчевски за 4-1. Тетекс во финишот од пенал успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...