Кит Го загуби на последниот тест во Анталија, Бојан Ѓорѓиевски дебитираше

Фудбалерите на Кит Го загубија со 1-2 (0-0) од грузискиот второлигаш Зугдиди на последниот натпревар од подготовките во Анталија.

Во максимално израмнет натпревар со отворени шанси и на двете страни, Кит Го загуби со гол примен во последниот период од играта, нешто слично како и на првите два тест дуели.

Сите три погодоци на мечот паднаа во второто полувреме. Откако Грузијците поведоа со 0-1, на 1-1 израмни младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, а потоа во 80. минута Зугдиди дојде до победата од 1-2.

Кит Го настапи во следниот состав: Денковски, Антонов, Николовски, Гогов, Христов, Рајков, Дујоски, Алексовски, Мичковски, Најдов и Ступиќ. Последните 20 минути од средбата ги одигра и најновото засилување Бојан Ѓорѓиевски, за кого ова беше деби во дресот на Кит Го.

Се вчитува...