Тренреот на Интер, Кристијан Киву изјави дека поразот од 0-1 во дербито со Милан можеби оставил трага врз неговите играчи. Покрај тоа, „нероаѕурите“ не победиле против своите градски ривали во шест последователни натпревари.
Романецот истакна разочарување од фактот што неговите фудбалери пропуштија голем број на шанси и поради целокупната игра во дербито, сметајќи дека неговиот тим не заслужил пораз.
„Разочарувањето не е само поради она што го создадовме, туку и поради целокупната изведба и концентрација, бидејќи речиси и не дозволивме контранапади, иако знаевме дека нивните двајца напаѓачи можат да ни предизвикаат проблеми. Единствениот пат кога изгубивме втора топка на средината од теренот, тие постигнаа гол. Тоа е фудбалот. Со себе ја носам добрата изведба, бидејќи момците не се предадоа до крајот, и покрај разочарувањето од примениот гол и фрустрацијата по двата удари кон голот. Кога ќе се претрпи четврти пораз во 12 кола, тоа е премногу. “, рече Киву по последниот свиреж.
Киву не сакаше никого јавно да прозива за поразот, ниту да бара одговорност од поединци.
„Знам што создаваме и што дозволуваме, ова се ризиците што ги преземаме. Не анализирам индивидуални играчи јавно, никогаш не би го направил тоа. Кога ги гледам моите играчи како даваат сè од себе на тренинг, никогаш не би можел да покажувам со прст, ниту пак сакам да барам алиби. Сите сме заедно во ова и сите сме одговорни, за доброто и лошото. Сите можевме подобро, можевме да постигнеме гол порано или да пристапиме подобро во различни моменти од играта. Сега е наша должност да се вратиме на нозе, бидејќи имаме подеднакво важен натпревар во вторник. Овој пораз може да остави трага, но мораме брзо да се соземеме“, изјави Киву.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

