Еурофарм Пелистер утре ќе му гостува на грчки АЕК во натпревар од 3. коло во Лигата на Европа. Грчкиот тим е шанса за прв триумф сезонава во најмасовното европско ракометно натпреварување.
Голманот на „пелистерци“ Марко Кизиќ вели дека добро знаат дека тие се квалитетен тим кој игра без калкулирање.
„АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа. Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме“, вели Кизиќ.
Натпреварот меѓу АЕК и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА