Кизиќ доби шанса пред Гедбан за дуелот против Кил

Ракометарите на Е. Пелистер ги продолжуваат настапите во Лигата на Шампионите во обид да стигнат до првиот бод, но серијата од 11 порази тешко дека ќе биде прекината токму вечерва ако се знае дека битолчани му гостуваат на лидерот на групата Кил (18.45 часот).

Македонскиот првак прикажа добра игра на првиот дуел во Битола со Кил, но јасно е дека вечерва „зебрите“ на свој терен ќе ја имаат улогата на апсолутни фаворити, за да се задржат на првото место во групата кое значи и директен пласман во четвртфиналето.

Македонскиот голман Марко Кизиќ доби шанса во однос на Калифа Гедбан, а дел од тимот нема да бидат и рускиот пикер Денис Василев, левиот бек Руди Сери и левото крило Петар Атанасијевиќ.

Се вчитува...