Кјелини: Финалето е борба на живот или смрт!

Кардиф. Вечерва овој град во Велс ќе биде центарот на фудбалскиот свет, а сите очи ќе бидат вперени во Реал Мадрид и Јувентус. Овие два тима ќе се борат за трофејот во Лигата на шампиониоте, и на крајот – само еден ќе се радува.

Џорџо Кјелини, дефанзивецот на Јувентус, е вистински воин на теренот, па на таков начин гледа и на вечерашното финале. Вели, ќе биде жестока битка, и само еден ќе слави. Ќе биде тоа борба на живот или смрт.

„Финалето е посебен меч. Излегуваш на теренот и сите сили сакаш да победиш. Затоа што само победникот останува жив. Поразениот е мртов, загубил. Реал Мадрид е актуелен европски првак, шпанскиот тим заслужува максимален респект. Но, ние вложивме многу за да дојдеме овде во Кардиф, и сега сакаме да го грабнеме пехарот. Ќе сториме се што треба, натчовечки напори ќе вложиме, но ќе победиме“, изјави Џорџо Кјелини во пресрет на вечерашното финале во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...