Кјер ја доби наградата „Давиде Астори“ што му го спаси животот на Ериксен

Стоперот Симон Кјер влезе во Куќата на славните во италијанскиот фудбал. Данскиот одбранбен фудбалер ја добил наградата „Давиде Астори“ за помошта на Кристијан Ериксен, кога овој колабираше за време на мечот со Исланд на ЕВРО 2020 гоина во Копенхаген.

Астори беше поранешен играч на Милан, а играше и за Калјари, Рома, Фиорентина и беше италијански репрезентативец. Почина на 4. март 2018 година како последица од срцев удар.

„Добро се сеќавам каков беше Давиде на теренот, а се сеќавам и кога ја соопштија трагичната вест за него. И Пиоли и моите соиграчи ми зборуваа за него. Неговата смрт шокатно делуваше на цела Италија и на целиот фудбалски свет. Ова е трагедија која ќе се раскажува засекогаш. Добивањето на наградата посветена на Девид значи многу. За мене ова е можност да го честам неговото име. Кога истрчав кон Кристијан, немав поим дека е срцев удар. Мојата цел беше да дојдам до него што побрзо  и да му помогнам. Сфатив дека тоа е најважно. Кога се дава прва помош, брзината е најкритична. Направете го она што можете да го направите брзо, а потоа препуштете на професионалци да ја завршат работата. Имавме среќа тој ден затоа што лекарите и болничарите беа таму“, рече Кјер.

Се вчитува...