Кјубан: Напредокот на Лука е неверојатен…

Американската јавност во скептицизам го пречека доаѓањето на Лука Дончиќ во НБА лигата, но словенeчкото „чудо од дете“ одговори на вистински начин. Во својата прва сезона го освои признанието за најдобар „руки“ на годината, а веќе во третата сезона има можност да стигне и до признанието за најдобар играч на лигата.

22-годишникот игра белскава сезона со фантастичен просек кој е на работ на „трипл-дабл“ со 29 поени, 8.4 скока и 9.2 асистенции по натпревар. Задоволството од „својот“ играч не го криеше Марк Кјубан, газдата на Далас кој вели дека напредокот на Дончиќ е навистина неверојатен.

„Напредокот на Дончиќ е неверојатен. После првата година го прашав што би додал во својата игра, ми кажа ‘полагање со лева рака’, а набргу потоа се најде меѓу најдобрите десет стелеци во лигата. Го прашав и каде го гледа просторот за напредок, накратко ми врати – ‘шут’. Против Портланд погоди осум тројки од девет обиди. Не можам да дочекам да видам што следи“ – изјави Кјубан.

 

Се вчитува...