Сопственикот на Далас маверикс, Марк Кјубан, донирал 10 милиони долари на женските здруженија и групи што се борат против насилство во семејството.
Кјубан се решил на тој потег откако во јавноста изглегоа написи дека во организацијата на неговиот НБА клуб имало сексуално злоставување. Во тоа Кјубан не бил директно вклучен, но биле неколку негови вработени, а газдата на Далас маверикс сега се почувствувал виновен што не посветил внимание на тој проблем.
Истрагата е спроведена по извештајот во Спорт Илустрејд за сексуално злоставување. Во тоа биле инволвирани поранешниот претседател на клубот, Тердема Усери и извршниот директор, Крис Хајд.
За насилство во семејството обвинет беше и поранешниот известувач на Далас маверикс, Ерл Снид. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер изјави дека Кјубан е одговорен за работната култира на своите вработени, а сопственикот на Далас упати јавно извинување и донирал 10 милиони долари.
„Им се извинувам на сите жени кои биле злоставени. Жал ми е, едноставно не видов, жал ми е што не го препознав проблемот“ – изјави Кјубан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА