КК Чаир 2030 со домашни натпревари без публика до крајот на сезоната и парична казна

Поради нападот на еден кошаркар на Работнички, на средбата Чаир 2030 и Работнички, дисциплинската комисија ги одреди казните за домаќинот на овој меч.

КК Чаир доби забрана за играње како домаќин без публика во следните 10 натпревари. Тоа значи дека до крајот на сезоната Чаир 2030 ќе игра пред празни трибини како домаќин.

Дополнително, КК Чаир ќе плати казна од 180.000 денари, плус 10.000 денари за фрлање петарди, додека Работнички ќе плати парична казна од 10.000 денари поради инцидентот.

„Согласно Актите на КФСМ, поточно Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, Правилникот за натпреварување во сениорските лиги и Дисциплинскиот правилник на КФСМ, ви ги испраќам одлуките за прекинатиот натпревар помеѓу екипите на КК „Чаир 2030 АД“ и КК „Работнички АД“ одигран на ден 11.12.2022 година со почеток од 19:30 часот, во салата „Шабан Трстена“, Општина Чаир, Скопје.

Дополнително, ве известувам дека во извадокот на дел од дневните настани од 12.12.2022 на МВР на РС Македонија објавено е следното: „На 11.12.2022 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортската сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

По расчистување на случајот од страна на МВР, КФСМ ќе преземе и соодветни мерки против лицето Алтин Рушити, официјален фоторепортер на КК „Чаир 2030 АД“.

Се вчитува...