КК Работнички во хуманитарна акција: Перо Антиќ, Гечевски, Симиќ, Блажевски…. ќе играат за помош на Ирена Танчева

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, КК Работнички, утре во 18 часот организира хуманитарен кошаркарски натпревар на актуелниот прв тим со ветераните на клубот.

Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Ристе Стефанов, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Димитар Мираковски, Перо Блажевски ќе бидат дел од овој хуманитарен настан. Средствата собрани од натпреварот ќе бидат наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.

На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претседателот на КК Работнички, Ристо Гапиќ, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тодор Гечевски и тренерот на КК Работнички, Марин Докузовски, ги повикаа сите хумани граѓани и вљубеници во кошарката, утре да присуствуваат на натпреварот и заедно со нив, да и помогнат на Ирена во намерата да ги собере потребните средства потребни за операцијата.

Билетите за овој натпревар нема да се наплатуваат, но пред влезот во салата ќе бидат поставени кутии со донации.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат и на:

Жиро сметката: 320500027414994

Централна Кооперативна Банка АД Скопје (со назнака донација за Ирена Танчева)

И на телефонските броеви: 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне).

Се вчитува...