КК Вардар свечено го одбележа јубилејот „70 години“: Признанија за Панчев, Наумоски, Тупурковски… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарскиот клуб Вардар го прослави својот 70-ти роденден од формирањето како еден од основоположниците на македонската кошарка. Формиран на 20. јули во 1947 година, еден од основачките спортови на СД „Вардар“, КК Вардар два месеци претходно се одлучи да го одбележи својот јубилеј притоа со промоција и на книгата „70 години – КК Вардар“ која за првпат се издава во историјата на клубот.

На свеченоста која ја одржа во својата сала во „Кале“ од КК Вардар се одлучи да доделат признанија и медали на сите кои оставиле своја трага во клубот низ историјата. На прославата на која присуствуваа многу легенди на клубот и македонската кошарка, но и спортот воопшто, пропратена со забавна програма, и два ревијални натпревари помеѓу ЖКК Вардар и селекција од Спортската академија, и сениорскиот тим на Вардар против селекција на поранешни кошаркари на клубот, беа доделени признанија и за една од најголемите легенди на вардаровото семејство, фудбалерот на векот на Македонија, Дарко Панчев, но и за претседателот на МОК, Васил Тупуровски кој во своите јуниорски денови настапувал токму за КК Вардар.

kk vardar 33

Признание од претседателот на КК Вардар, Владимир Воиновски доби и актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, но и легендата на клубот Тихомир Матевски како и бројни истакнати имиња од кошарката а тесно поврзани со Вардар.

„Благодарам на сите што присуствуваат на овој јубилеј, што дојдоа да го прослават овој роденден со нас. Посакувам за следниот јубилеј да не има и во уште поголем број. Се надевам дека и во иднина оваа сала ќе биде полна и ќе го бодри Вардар кон нови успеси, бидејќи ваква традиција заслужува негување. Како што вели и нашата книга, која за првпат се издава во една ваква форма – Вардар бил и ќе остане засекогаш!“ – истакна претседателот на клубот, Владо Воиновски, главен финансиер на клубот преку својата компанија „ЕУРОИМПЕКС – Пежо“.

Легендата на КК Вардар, Тихомир Матевски во кратки црти му посака се најдобро на клубот во иднина, се надева дека еден ден ќе се повторат успесите кои ја радуваа публиката во изминатите години, а беше благодарен на целокупната организација што овозможи да се одржи овој јубилеј.

Признание доби и женска сениорска екипа на Вардар која во првата година од рестартирањето стигнаа до трофејот во Купот на Македонија, додека во првенството завршија како второпласирани. Капитенот на екипата Едина Муса, инаку МВП на финалето ги подигна признанијата.

kk vardar 35

Младинската екипа на Вардар убедливо стигна до седмиот трофеј во првенството на Македонија. Младите вардарци беа супериорни во финалето и стигнаа до шампионската титула, а капитенот Дамјан Робев ги подигна признанијата.

kk vardar 34

Признанија добија и актуелни и поранешни кошаркари на Вардар кој во изминатите десет години освоија 16 титули во младинските категории со што се неприкосновени во оваа конкуренција, исто така добија благодарници. Дејан Лазаревски и Игор Ивановиќ ги примија наградите, а беа една деценија дел од црвено-црното семејство, заедно освоија десетина титули во младинските категории  и сите успеси во последните десет години се поврзани со нивните имиња.

Личностите кои добија медали, признанија и монографијата „70 години – КК Вардар“ по повод 70-годишнината од формирањето на КК Вардар:

Стамат Шандуловски, Димитар Минов, Љупчо Гогов, Михајло Караташев, Боро Игновски, Боривое Кралевски, Виќентие Марков, Александар Жеревски, Драган Димитриевски, Ставре Димитриевски, Душан Андов, Марин Кочов, Илија Костовски, Иво Ѓоргиев, Бранислав Петровски, Зоран Антиќ, Бојан Милчин, Предраг Прентовиќ, Матеј Матевски, Влатко Матевски, Игор Саздов, Иван Саздов, Љупчо Ристовски, Дејан Лазовски, Благојче Ѓоргиевски, Емил Матевски, Рајф Хаџибулиќ, Жарко Бурсаќ, Небојша Ѓуковиќ, Илија Милиновиќ, Митре Живоиновски, Велко Геровски, Дане Стојковски, Амди Муса, Страшо Ромевски, Драгослав Лазиќ, Мирослав Котевски, Иван Христов, Владимир Воиновски, Зоран Гапиќ, Венцо Саздов, Душко Мартиновски, Тихомир Матевски, Борко Талевски, Марјан Лазовски, Борче Даскаловски, Зоран Павлов, Сашо Тасев, Васил Стамболиски, Ана Николовска, Ирена Зазовска, Душан Пјевац, Иван Новаков, Борче Домлевски, Весна Талевска, Султана-Тања Тупурковска, Верче Баниска, Лиле Фрчковска, Мира Костовска, Луција Гудаљевиќ, Оља Стаменковиќ, Виолета Угриновска, Наташа Игновска, Весна Аврамовска, Наталија Атанацковиќ, Факултетот за физичка култура спорт и здравје и Дајнерс клуб.

[new_royalslider id=”658″]

Се вчитува...