КЛ7 се засили со Буторац од Пелистер, продолжен договорот со Петковски

Создавањето и ангажирањето млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 во очекување на дебитантската сезона во суперлигашкото ракометно друштво.

Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Пелистер од Битола.

Исто така, Голден Арт КЛ7 го продолжи договорот со голманот Андреј Петковски на уште две години, кој е во клубот од декември минатата година. Тој е младински репрезентативец роден 2001, кој до сега има настапувано и за ракометните клубови Вардар Јуниор и Работнички, екипи кои се натпреваруваа во Супер лигата.

„Голден Арт КЛ7 е клуб кој вложува и дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи“ – порачуваат од Голден Артн КЛ7.

Се вчитува...