Класата на дело – Јунајтед и Ливерпул ги плаќаат вработените како да нема пауза

Во денови кога платите на вработените во клубовите ширум Европа се честа тема, премиер-лигашите Манчестер Јунајтед и Ливерпул се примери за тоа како може да се покаже класа во тешки времиња, откако одлучија да ги исплаќаат своите вработени и во текот на паузата поради Ковид-19.

Ливерпул за периодот на суспензија ќе издвои 750.000 фунти за плати на вработените. Платите на вработените во Манчестер Јунајтед се нешто поголеми, што значи дека тимот од „Олд Трафорд“ во периодот до 30. април ќе исплати околу 950.000 фунти. Се разбира доколку суспензијата на фудбалот во Англија продолжи и по 30. април, сумата на плати на вработените ќе биде далеку поголема.

Се вчитува...