Клаудио Тафарел потпиша за Ливерпул

Легендарниот бразилски голман Клаудио Тафарел денеска потпиша договор со Ливерпул, со што 55-годишниот стручњак ќе стане дел од стручниот штаб на Јирген Клоп.

Тафарел моментно е тренер на голманите во бразилската репрезентација, каде има беспрекорна соработка со Алисон Бекер, што беше доволна препорака за Ливерпул да го доведе поранешниот ас на „Енфилд“, како дел од тренерскиот голмански тим заедно со Џон Ахтерберг и Џек Робинсон. Тој паралелно ќе ги извршува двете функции до СП 2022, по што и дефинитивно ќе се посвети на ангажманот во Ливерпул.

„Наша желба е да составиме извонреден голмански тим. Го имаме Алисон Бекер, но и бројни одлични млади чувари на мрежата на кои сакаме да им помогнеме уште повеќе да се развијат. Затоа носиме врвен поранешен голман како Тафарел од кого тие ќе можат многу да научат“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...