„Клетвата е поништена“ – Билбао по 40 години до трофејот во „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Атлетик Билбао е освојувач на „Копа дел реј“ откако вечерв во неверојатното финале славеше по изведување на пенали над Мајорка со 4-2 (1-1).

Мајорка поведе со 0-1 со погодокот на Родригез во 21. минута. На стартот на вториот дел избраниците на Ернесто Валверде успеаја да го начнат голот на противникот и да израмнат на 1-1 преку Сансет во 50. минута.

До крајот на регуларниот дел мрежите мируваа, па натпреварот замина во продолженија. Mрежи мируваа и во дополнителните 30 минути, па победникот мораше да се одлучи преку изведување на пенали.

Таму фудбалерите на Мајорка тотално се изгубија и со промашувањата на Морланес и Радоњиќ му ја препуштија победата на баскискиот тим. Ова за Атлетик Билбао е 24. титула во Купот на кралот, но прва од 1984 година. За потсетување Билбао ги загуби последните шест финалиња, од кои дури пет се во последните петнаесет години.

Athletic Bilbao vs Mallorca – Penalty shootout (4-2)
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...