Клоп: Ајде сега признајте, има ли подобар фудбалер во светот од Мо Салах

Јирген Клоп со право беше горд на изданието на Ливерпул на дуелот со Ватфорд, откако во првиот меч по репрезентативната пауза го декласираше овој ривал на гостински терен со 0-5.

Роберто Фирмино постигна хет-трик за „црвените“, но германскиот стратег веднаш по мечот го издвои Мохамед Салах како клучен играч во неговиот тим.

„Ајде сега признајте, има ли подобар фудбалер во светот од Мо Салах во моментов. Ајде кажете, кој е подобар од него? Знам за Меси и Роналдо и нивната долгогодишна доминација, но јас говорам за сега, Салах е најдобар, без конкуренција. Го видовте мечот денеска, каква беше онаа асистенција за првиот погодок, па потоа неговиот погодок што беше специјален. Она што го покажа Салах на денешниот натпревар е фантастично“, изјави Клоп.

Се вчитува...