Клоп бара засилувања: Па нели е Божиќ, баш би било супер…

Ливерпул играше крајно променливо во првиот дел од сезоната во Премиер-лигата, а особено очигледно е нефункционирањето на средниот ред во тимот на Јирген Клоп.

Германскиот стратег не инсистираше на засилувања во текот на летото, но кога проблемите станаа очигледни „црвените“ експресно се вклучија на пазарот. Најблиску до потпис моментно се наоѓа Амрабат од Фиорентина, Ливерпул се интересира и за Белингем од Борусија Дортмунд и за Енцо Фернандез од Бенфика, а според британските медиуми Клоп побарал од управата 200 милиони фунти за целосно да го реновира овој дел од тимот.

„Ние како стручен штаб сме подготвени да ги дочекаме новите фудбалери доколку бидат договорени такви трансфери. 200 милиони? Не можам да кажам ништо конкретно околу сумата, но јас како тренер не сум против инвестирање во нови играчи. Ќе видиме што ќе донесе иднината, но верувам дека ќе биде добро. Па нели е Божиќ, баш би било супер сите да се израдуваме на подарок“, изјави Клоп.

Се вчитува...