Клоп: Бев толку пијан – ништо не се сеќавам

Јирген Клоп извршува одлична работа откако седна на клупата на Ливерпул. Минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а оваа пред паузата беше на чекор до враќање на трофејот од Премиер-лигата на „Енфилд Роуд“ по пауза од 30 години. Тој се потсети на своите славни денови со Борусија Дортмунд и освојувањето на Бундеслигата во 2011 и 2012 година.

„Беше тоа фантастична прослава. Искрена и луда. Мислам дека такво нешто нема да се повтори во мојот живот. Сензационално. Ужасно се напив и во 2011 и во 2012 година. По тие две освоени титули бев толку пијан што на ништо не се сеќавам. Ете што прави алкохолот. Затоа немојте да пиете бидејќи нема да се сеќавате на најубавите моменти во животот“, изјави Клоп. 

Клоп во 2015 година замина од Борусија Дортмунд, а по пауза седна на клупата на Ливерпул тим кој се препороди по неговото доаѓање.

Се вчитува...