Клоп: Божиќ е, му посакувам на Анчелоти многу среќа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Евертон.

„Тешка е во оваа работа да имате големи пријатели. Знаете, ние бевме пријатели долги години уште пред да станеме тренери во премиер-лигата. Се гледавме кога можевме и имаме посебен однос. Сега ќе се гледаме повеќе од тоа што се навикнавме. Би сакал да можам да му посакам среќа. Се шегувам. Божиќ е така да му посакувам многу среќа“, изјави Клоп. 

Карло Анчелоти првиот меч на клупата на Евертон ќе го има денеска кога на „Гудисон“ ќе го пречека Барнли. Дуелот на програмата е во 16 часот.

Се вчитува...