Клоп даде зелено светло: Ливерпул ќе оди на шопинг во Наполи

Играчот од средниот ред на италијански Наполи, Фабијан Руиз, е интересен за англиски Ливерпул. 25-годишниот шпански играч за врска за шефовите на Ливерпул е совршена аквизиција за засилување на средниот ред.

И самиот фудбалер е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата, а трансферот може да се реализира во летото 2022 година.

Руиз игра за Наполи од 2018 година, кога дојде во Италија од Бетис. Договорот на Руиз истекува во 2023 година.

Се вчитува...