Клоп до Тијаго: Да знаев дека си толку добар, ќе те донесев уште пред четири години

Јирген Клоп има многу причини да биде задоволен од оваа сезона на Ливерпул, а една од нив е извонредната форма во која влезе Тијаго Алкантара.

Шпанскиот плејмејкер имаше проблеми со повредите во првата сезона, но сега игра во топ-форма и е лидер на средината од теренот. Тој беше во главна улога и на финалето од ФА Купот против Челси, во кое Тијаго издржа 120 минути на теренот, а потоа и рутински го реализираше својот пенал.

„Каков играч… По мечот му реков дека ако знаев дека е толку добар, ќе го донесев уште пред четири години. Навистина го мислам тоа, Тијаго е неверојатен“, откри Клоп дел од разговорот со својот фудбалер.

Воедно, германскиот стратег откри и што му одговорил Тијаго на ваквите зборови.

„Тој беше расположен и ми врати: Па ти ме научи дека треба да трчам во фудбалот… И навистина е во право, мило ми е поради тоа“, прокоментира стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...