Клоп е цар – делеше пиво на навивачите по победата над Кристал Палас (видео)

Јирген Клоп со стил ја прослави победата на Ливерпул на гостувањето против Кристал Палас, нов триумф забележан без помошта на Мане и Салах, кои се со своите репрезентации на Купот на Африкански Нации што се одржува во Камерун.

Германецот не го криеше задоволството од остварениот резултат, по мечот долго ги отпоздравуваше фановите на „црвените“, а на крајот од средбата дел од нив кои се најдоа крај тимскиот автобус добија и специјални подароци од трофејниот стручњак – шишиња со пиво.

Да се залие победата…

Се вчитува...