Клоп е убеден: Ван Дајк нема да игра на ЕВРО 2020

Вирџил ван Дајк нема да биде подготвен за настап за холандската репрезентација на ЕВРО 2020. Ова го соопшти менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакнувајќи дека холандскиот дефанзивец се уште е далеку од камбек на терените без оглед на фактот дека почнал со тренинзи во клупскиот тренинг-камп.

Селекторот Де Бур неодамна изјави дека се надева дека ќе го има Ван Дајк на располагање за континенталниот собир, но Клоп е убеден дека тоа нема да се случи.

„Не може да тренираш една или две седмици и веднаш да размислуваш за враќање на терените кога станува збор за ваква повреда на коленото. Тој беше опериран во октомври, ако се земат во предвид првите лекарски прогнози ќе му требаат уште најмалку 40 дена за да почне да тренира со полна пареа. Она што можам со сигурност да го кажам е дека тој и во наредните седмици нема да тренира со остатокот од тимот, тоа доволно кажува за сериозноста на проблемот. На крајот, одлуката ќе биде на самиот фудбалер, но не гледам како тој би можел да игра на ЕП по една толку тешка повреда“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Холандија е еден од ривалите на македонската репрезентација на ЕВРО 2020, заедно со селекциите на Австрија и на Украина.

Се вчитува...