Клоп: Фламенго го испратија од Бразил за да донесе титула, ние моравме да играме во Карабао куп

Европскиот првак Ливерпул денеска во Доха ќе води битка (18.30 часот) за единствениот трофеј кој му недостасува – светската клупска круна. „Црвените“ ги очекува финалето на Светското клупско првенство, мегдан со шампионот на Јужна Америка, бразилскиот Фламенго, клуб со најголем број навивачи на светот.

„Ситуацијата во двата тима беше многу поразлична пред ова натпреварување. Фламенго допатува тука, со поддршка од сите национални фудбалски структури, со единствена цел да го освои ова натпреварување и да се врати дома со трофејот. А, нас, без никакво разбирање од домашната асоцијација, ни беше кажано дека мора да играме Карабао куп. Сепак, тука сме и сакаме да ја освоиме светската титула“ – вели Клоп пред денешниот дуел.

Анализирајќи го дуелот со Бразилците, германскиот стратег ќе рече…

„Фламенго не навикнал да губи натпревари, тоа е она што го знаеме. Знаеме што можеме да очекуваме. Противникот ќе биде организиран, интензивен, но ние мора да ја одбраниме честа на Европа“ – истакнува Јирген Клоп.

Се вчитува...