Клоп: Фудбалот е прекрасен спорт и на празни стадиони

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е свесен колку ќе биде чудно за екипите на почетокот од настапите пред празни трибини, Сепак, Германецот смета дека сите заедно ќе треба да докажат дека фудбалот останува прекрасен спорт дури и во периодот кога ќе нема навивачи на стадионите.

„Сите ние се вљубивме во фудбалот поради навивачите, поради атмосферите на стадионите. Сега ситуацијата ќе биде поинаква, ќе трае најмалку неколку месеци, но фудбалот е прекрасен спорт и кога се игра на празни стадиони. Јас сум убеден во тоа, а сега ќе треба сите заедно, со добри игри на теренот, да ја убедиме јавноста во убавината на нашиот спорт. Поентата останува иста, два тима играат еден против друг за да стигнат до победа. Гледам дека во Германија почна натпреварувањето, се надевам дека наскоро ќе продолжи сезоната и во Англија“, истакна Клоп.

Ливерпул е на чекор до првата титула во Премиер-лигата по пауза од 30 години, со оглед на фактот дека „црвените“ веќе имаат 25 бода предност во однос на второпласираниот Манчестр Сити.

Се вчитува...